ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на ДДВ-то за фактурираната електрична енергија од 18 на 5 отсто

Од:

Цената на електричната енергија би можела да се зголеми за 15 отсто од сегашната, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За да не дојде до вакво зголемување на цената на струјата, опозициската партија предлага намалување на ДДВ-то за фактурираната електрична енергија од 18 на 5 отсто.

Тој денеска на средба со новинарите потенцира дека зголемувањето на цената на струјата би значело голем удар за стандардот на граѓаните и за економијата во земјата.

Мицкоски смета имаме најголема маржа за електрична енергија во висина од 11, 5 отсто во споредба со европските земји.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за фактурираната електрична енергија.

-Ќе почекаме Владата да го предложи, ако не ние ќе го поднесеме како пратеничка група, рече Мицкоски, најавувајќи дека тоа ќе го направат преку собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Лидерот на опозициската партија на средбата со новинарите истакна дека според нивните согледувања недостасува една милијарда евра буџетски средства.

-Ако го анализираме периодот од 1 јану 2018 до 31 декември 2020, три години БДП се зголемил за 700 милиони евра, а јавниот долг за една милијарда и 700 милиони евра. Една милијарда ја нема. Не знам дали сме свесни, рече Мицкоски додавајќи дека тие пари се позајмени и ги нема во економијата.

Според него овие пари ги нема на сметката на НБРМ во форма на депозити, а ги нема ниту во државните резерви. Неговите сомневања се дека тие пари се украдени и дека некаде стојат во „кеш“.

-Каде? Не велам дека се кај еден, двајца, петстотини или пет илјади луѓе, но дефинитивно се украдени. Тоа се пари на граѓаните, што ние треба да ги враќаме, рече Мицкоски, кој смета дека ако вака продолжиме државата ќе биде пред колапс и банкрот.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка

(ВИДЕО) Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Мицкоски: Скандалозна одлука – 14 лица загинаа, а предметот за модуларната болница е затворен

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница