ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки: Коронавирусот е сериозна закана за животот и здравјето на граѓаните

Од:

„Здравјето на граѓаните мора да биде пред се и над се. Коронавирусот претставува сериозна закана за животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија. Владата предводена од СДСМ мора да ја сфати сериозноста на ситуацијата и во склад со тоа навремено и со конкретни мерки да работи на спречување на ширењето на пандемијата во нашата држава. Само ден пред Владата да ги преземе првите конкретни мерки за спречување на ширењето на вирусот, од страна на ВМРО-ДПМНЕ истите мерки беа јавно посочени и понудени како мерки борба против коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе биде конструктивно и со сите свои капацитети ќе стои на располагање на државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од надлежните бараме итно да се набави поголема количина на антисептични средства, заштитни маски и ракавици кои ќе бидат бесплатни за граѓаните, а ваквата заштитна опрема на располагање мора да имаат и вработените во јавниот превоз, градежниците и шалтерските работници. Работата на државната администрација мора да се редуцира. Половина од јавната администрацијата треба да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи. со ваквиот начин на работа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот. ВМРО-ДПМНЕ предлага и итно формирање на посебно државно контролно тело чија единствена задача ќе биде надзор и контрола на примената на превентивните мерки. Предлагаме и еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот. Со големи проблеми во моментов се соочува и приватниот сектор па токму поради оваа причина предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлагаме и замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот. Државата мора да помогне и на тој начин што ќе ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти.
Во време на криза државата не смее да дозволи компаниите да профитираат на грбот на граѓаните, надлежните мора да спроведат строга контрола врз работата на веледрогериите со оглед на поплаките на граѓаните за енормно високите цени на заштитните маски и средствата за дезинфекција“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?