ВМРО-ДПМНЕ предлага да запре кривичниот прогон на сите обвинети од 27 април

Од:

Со предлог законот за амнестија, ВМРО-ДПМНЕ бара лицата осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година да се особдат од кривично гонење, да се запрат поведените постапки и целосно да се ослободат од издржување на казната затвор.

Законот се однесува за лицата за кои се води постапка поради сторени кривиччни дела насилство, учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, но и за другите кривични и прекршочни дела согласно позитивно-правните прописи.

„Лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривичниот законик или други закони кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале издржување на казната затвор а во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година, се определува бришење на осудата и се укинува правната последицана осудата заклучно со денот на влегување во сила на овој закон“, стои во текостот на предлог-законот.

Споредувањето на предлог-законот, според текстот, не предизвикува финансиски последици врз буџџетот на државата и другите јавни финанскиски средства.

„Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, ја поведува по службена должност првостепениот суд пред кој се води постапката, надлежниот јавен обвинител или осомниченото односно обвинетото лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба“, стои во текстот.

Според предлог-законот решението за амнестија според одредбите го донесува судот што ја донел првостепената одлука во рок од пет дена од примеот на барањето.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците