ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски ги продаде јазикот, историјата и идентитетот

Од:

„Портпаролката на ЕК кажа дека јазикот не е гарантиран. Тоа што е гарантирано е јазикот на кој зборуваат мнозинството граѓани во Македонија. Ова е предавство кое го започна Заев, а го спроведува Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дури и најголемиот бугарски шовинист Божидар Димитров, јавно кажа дека не верувал дека некој македонски политичар некогаш ќе каже дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти, па згора на тоа и тоа да го потпише во договор и да го реализира.

Тоа што најголемите бугарски шовинисти не го помислувале, Заев и Ковачевски го спроведуваат.

Предавникот Ковачевски се обврза и за смена на учебниците. Тоа влегува во рамка. Промена на учебниците, откажување од националните херои, преиначување на историјата. И додека тие не се исполнат нема почеток на преговори, ниту напредок кон патот на Унијата.

Предавникот Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба во однос на Бугарија и трајно ги уништи нашите преговарачки позиции. Предавникот Ковачевски насила спроведува бугаризација.

Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ