ВМРО-ДПМНЕ: Празните изјави на Шекеринска нема да ја намалат загриженоста на граѓаните

Од:

„Прифаќањето на Тиранската Платформа од страна на СДСМ и криењето на тоа што Радмила Шекеринска го договарала со албанските партии, предизвикува тензии и сериозна загриженост меѓу граѓаните. Загрижени се дури и членовите и гласачите на СДСМ кои се чуствуваат измамени.

Народот е мудар и сфаќа дека Шекеринска и СДСМ го кријат договорот затоа што тој содржи елементи кои се спротивни на националните и државни интереси.

Ниедна празна изјава на Радмила Шекеринска нема да ја намали загриженоста на граѓаните за иднината на Република Македонија.

Радмила Шекеринска го прави и денес тоа што најдобро знае и го практикува две ипол децении, да ја манипулира јавноста за политичка корист.

Наместо да си ја омаловажува државата и македонскиот народ кај странски претставници, добро е после толку време политиканство да седне и нешто корисно да се обиде да стори за сопствената држава. Знаеме сите дека била тука кога се вршела најскандалозната приватизација. Знаеме дека умее да си изнајмува повеќе станови сама на себе. Знаеме и дека не била способна да застане барем еднаш зад некој национален интерес. Две ипол децении се влече за функција по политичките кулоари со цел да може да учествува бомбона бизниси.

Сега, жедна и гладна да се фати за фотелја, подготвена е да си ја продаде и нацијата и државниот интерес. Да не ја знаеме, би се изненадиле. Но тоа е Радмила Шекеринска, во свој елемент“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски