ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството е на колена, а судиите се во грч и работат под политички притисок

Од:

„Правосудството во Република Македонија е на колена, а судиите се во грч и работат под политички притисок.

Споредбата како се водат случаите Поткуп и Тенк е најдобар доказ дека не постои правда, туку само политички нарачан прогон.

Случајот Поткуп каде што првообвинет е Зоран Заев, кого цела јавност го виде дека од позиција на градоначалник бара едно евро за себе и едно евро за црквата, чека правна разрешница цели пет години. Обвинението е поднесено уште во 2013 година.

Случајот Тенк кој што се базира на незаконски стекнати прислушкувани разговори и претпоставка дека Никола Груевски влијаел врз Јанкулоска да го поттикне Поповски да набавел блиндирано возило, е започнат четири години подоцна.

Рочиштата во случајот Поткуп се одложуваа десетици пати и се развлекуваа со месеци и години, а за Тенк се закажуваа експресно и траат дури и по 12 часа.

Во случајот Поткуп, сведокот го потврди кривичното дело и барањето Поткуп. Кажа дека Заев му барал едно евро за Вице, едно евро за партијата и едно евро за црквата.

Во случајот Тенк беа повикани околу 40 лица. 15 сведоци на СЈО и уште 20-тина на одбраната. Сите, без исклучок, сведочеа контра обвинителниот акт. Посочија дека претходните блиндирани возила не можеле да ги задоволат безбедноснитр потреби.

Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, а судиите судат според желба а не според докази и факти.

Заеднички за двата спора е што завршуваат во исто време. Во неколку дена треба да биде изречена и пресудата за Зоран Заев и пресудата за случајот Тенк.

Заеднички за двата предмети е што сите ги знаат однапред пресудите, а истите ги најави и самиот Заев. Медиумите веќе пишуваа и за наградата што треба да ја добие судијата Добрила Кацарска за одработената задача.

Тоа е разликата меѓу судството кое работело во “режим” и ослободеното судство откако доjде живот.

Криминалниот картел е недопирлив, а сите неистомисленици се потенцијални политички жртви.

Оваа неправда мора да престане. Сите судски одлуки донесени врз притисок еден ден ќе бидат преиспитани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник