ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците од СДСМ не треба да бегаат од народот

Од:

Навистина не е разбирливо зошто пратениците на СДСМ се нервозни за објавените телефонски броеви на социјалните мрежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие телефонски броеви и мобилни апарати им ги плаќа токму народот, истиот народ од кои тие се избрани“, потенцираат во нивното соопштение.

Телефонските броеви на народните избраници, според опозициската партија, не се тајна и треба секој граѓанин да ги има, бидејќи тие седат во Собранието токму заради народот.

„Пратениците на СДСМ не треба да бегаат од народот, а особено од прашањата зошто не е објавен протоколот кој министерот за надворешни работи Османи го крие и што содржи тој Протокол и какви гаранции има во предлогот за заштита на македонскиот идентитет“, прецизираат во информацијата од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?