ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Заев

Од:

Жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев. Иако е воочлива штетноста на таквиот договор, реагира опозицијата по прес-конференцијата на Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

„Овој договор е производ на изборна измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува државата.

Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор.

Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период.
Потценувачки за Република Македонија е со меѓународен договор да се менува Уставот на државата и задира во идентитетот.

Недозволиво е Заев преку својата капитулантска политика да го менува идентитетот и јазикот на Македонците.
Овој договор за Република Македонија создава само обврски. Република Македонија е оштетена страна.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против картелот на власт и оваа капитулантска и неспособна влада“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски