ВМРО-ДПМНЕ: Повторуваме, ќе поддржиме Влада на Заев, ако се откаже од Тиранската Платформа

Од:

„СДСМ мора јавно и јасно да се откаже од Тиранската Платформа и елементите во неа кои ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава.

Оправдан е стравот кај граѓаните после конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, во кое не ја отфрли Тиранската Платформа, туку напротив најави дебатирање по нејзините точки.

Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев со цел да добие власт ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на Тиранската Платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично.

Револтот кај народот од ваквата неискрена политика и реторика на Заев и СДСМ станува се поголем. Граѓаните гледаат дека затскриено се подготвува редефинирање на државата.

Ние ја повторуваме нашата понуда.

Доколку СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од Тиранската Платформа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи Влада која што би ја формирал Зоран Заев.

Доколку СДСМ и Зоран Заев сметаат дека Тиранската Платформа е позитивна за иднината на Македонија и потребно е да се дебатира за елементите содржани во неа, тогаш го повикуваме истата да ја стави на најшироката можна дебата за тоа, парламентарните избори.

Ако сака СДСМ може елементите од Тиранската Платформа да ги искористи како основа на своја партиска изборна програма, па така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и Зоран Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски