ВМРО-ДПМНЕ: Повикот на Спасовски е директно мешање во работата на судот

Од:

Срамно и скандалозно е кога генерален секретар на политичка партија кој во моментов извршува функција на технички министер во МВР јавно му се заканува и го напаѓа Уставниот суд на Република Македонија, се наведува во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјавата на Оливер Спасовски.

– Повикот на технички назначениот министер Оливер Спасовски не е ништо друго освен потценување и девалвирање на судовите и директно мешање во нивната работа. Ваков однос и вакви предупредувања и повици упатени од член на извршната кон судската власт се мешање во работата на судот без преседан. Го осудуваме секој обид на Оливер Спасовски од позиција на генерален секретар на СДСМ или од позиција на технички министер насилно и со закани да влијае врз работата на Уставниот суд наметнувајќи му одлуки по негов вкус. Факт е дека неговата партија за 10 минути без дискусии и без аргументи разреши и именуваше 617 судии и уште стотина обвинители, но ваквиот срам за Македонија и ваквото однесување на СДСМ не смее да се повтори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот