ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите

Од:

„Додека економијата тоне, трошоците за живот растат, а граѓаните секојдневно осиромашуваат власта на СДСМ предводена од Зоран Заев, со цел да го отргне вниманието од секојдневните проблеми се пресметува со политичките неистомисленици.

Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите.

Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права.

Африканизацијата на судството под итно треба да запре. Апсурден и неправеден е притворот за Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски, Муковски и останатите.

Правосудните органи мора да почнат да делуваат според законите и Уставот на Република Македонија, а не мотивирани од стравот и наредбите од власта на СДСМ.

Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери режисери и доктори се обвинети за теророризам. Во моментов Република Македонија е држава со највеќе терористи по глава на жител во светот.

Ова дело е класичен монтиран процес кој е воден од власта чија цел е да ги замолчи сите оние кои не се согласуваат со политиките на СДСМ и Зоран Заев.

Правосудството мора да се врати на вистинскиот пат.

Со политички затвореници низ затворите во Македонија нема напредок.

Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја постојат луѓе кои секогаш ќе се спротиставуваат на штетните политики со кои се уништува Република Македонија.

Реваншизмот и одмаздатата на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре.

Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет