ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со коронавирусот

Од:

„Повеќе од јасно е дека владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со коронавирусот. За тоа покажуваат и самите податоци. ‘Мерките’ со кои се фали владата на СДСМ не придонесуват за доброрто на економијата. Единствено нешто што прави СДСМ во моментот е што ги троши државните пари за избори и наместо да му помогнат на стопанството, тие гледаат да си ја спасат фотелјата. Поради тоа што СДСМ не нуди ништо за стопанството голем број на фирми се оставаат на цедило и можно е да дојде до нивно затварање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Над половина од 33 000 работници во угостителството се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани се со намалени приходи. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Но, со СДСМ тоа не е можно. ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски