ВМРО-ДПМНЕ: Потврдени информациите за криминални активности на функционери на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на неодамна објавени документи од ЦИА денеска оцени дека се потврдиле информациите за криминални и коруптивни активности на поранешни функционери на СДСМ и порача дека за тоа мора да се одговара.

– Илјадниците документи на американската разузнувачка служба во врска со Балканот кои се појавија деновиве ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзините највисоки функционери во нелегалниот шверц кон Србија во 90-те години на минатиот век. Тогашната власт од СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото кон Србија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се посочува и на имиња и активности на функционери од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека претседателот на СДСМ Зоран Заев нема да побара истрага за некогашните функционери, бидејќи сметаат оти не го интересира правдата, туку како таа да се избегне.

– Зоран Заев се опкружи со луѓе од негов ков – криминалци. Аболицираниот крииналец Заев нема да повика на истрага против своите некогашни функционери, бидејќи него не го интересира правдата, туку како таа да се избегне. Но, вистината е како шило – кога тогаш, си го наоѓа својот пат до јавноста. Сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела, стои во соопштението од ВМРо-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ