ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ наведува дека воведувањето втора смена во градинките може да создаде хаос во нивното работење.

– За реализација на оваа мерка исто така потребно е и зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки, а тоа не е предвидено во ребалансот за буџетот за 2017, кој е донесен токму од Владата, што е уште еден показател дека СДС е на пат да направи хаос и во градинките, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кадрите на СДСМ и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска повеќе време одвојуваат за анализа на сите детали околу згрижувањето на мигрантите, наместо да се грижат за потребите на граѓаните.

– Владата на СДС нема капацитет, ниту концепт за спроведување на реформи. На 15-ти октомври СДС ќе ги стигне казната од граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица