ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е вештачење да се утврди дали Арсовска е во состојба да го води градот

Од:

„Данела Арсовска и нејзиното однесување водат само кон сомнеж дека таа нема деловна способност за да ја извршуваа оваа јавна функција – прв човек на град Скопје. Арсовска само навредува, омаловажува, болно лаже или едноставно измислува, се однесува неурамнотежено“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука јасно е дека ваква личност не може да извршува јавна функција и потребно е вештачење да се утврди дали Арсовска е во состојба да го води градот.

Арсовска дополнително ја фаќа нервоза и почнува да лаже и за средбите со Ковачевски за кои веќе знаат сите.

Ковачевски исто така е нервозен бидејќи неговиот рејтинг е очајно низок. Оттука на површина излегуваат неговите фрустрации од претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па и тој како и Арсовска, не пропушта прилика со примитивен речник да лиферува невистини во јавноста.

Резултат од нивите средби се невистини и измислени работи кои се лиферуваат во јавност, а кои имаат за цел да дефокусираат од важни теми како корупција и криминал во кои се самите тие.

Без разлика дали Арсовска нема деловна способност или глуми лудило, заклучокот еден – таа не може да го води град Скопје, затоа оставка веднаш!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ