ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е метла да го измете Заев и неговите кадровски решенија низ институциите

Од:

„Зоран Заев и СДСМ се вистинска катастрофа за земјоделието. Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени дадени за време на изборите во 2016 година.

Земјоделците веќе две години по ред си го фрлаат произведеното на буниште, затоа што нема никаков откуп.

Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и Малешевско го фрлаа својот род на буниште, затоа што килограм слива се продаваше по цена од катастрофално ниски 2 денари.

Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат по цена од само 50 денари.

Производителите на бостан, патлиџан, зелка и пиперка во струмичкиот регион го фрлаат родот во каналите. Затоа што извоз немаше.

Оризопроизводителите во кочанско немаат откуп, а оризот им скапува во амбарите.

Нема подрачје во државата каде земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тепа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема.

Земјоделието во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени.

Потребна е метла која ќе го измете Заев и неговите кадровски решенија низ институциите. Потребна е промена на власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски