ВМРО-ДПМНЕ: Постојаното одложување на „Поткуп“ е класичен пример за заробено судство

Од:

„Правосудството е во грч од енормниот притисок на СДС. Хунтата предводена од СДС ги деградира законите и правната држава.

Додека рочиштата за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се процесуираат експресно, рочиштата за Заев се одлагаат и за повеќе од месец дена. Изговорите на Заев за неприсуствување на судски рочишта се потрошија, па сега на изговори го принудува судот.

Основен принцип на секоја судска постапка е ефикасност и ефективност, тоа важи за сите само не за Заев. Случајот „Поткуп“ во кој Заев е фатен инфлагранти како бара поткуп се одложува во низа е класичен пример за заробено судство.

Притисокот кој го спроведува хунтата на Заев го доведува правосудството во апсурдни ситуации.

Република Македонија нема повеќе независно судство. Судиите се принудени да одлучуваат спротивно на законот. Судот е принуден да одлага рочишта за криминалот на Заев кој е видлив за целата македонска јавност. Од друга страна под истата принуда ги извршува барањата за притвор на ОЈО произлезени од монтираниот случај за лицата од настаните од 27 април.

Правосудните органи треба да знаат дека обврска на еден судија е да одлучува во согласност со законите и да одолее на притисокот независно на неговата големина.

Република Македонија мора да биде демократска држава во која се почитува принципот на владеење на правото“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела