ВМРО-ДПМНЕ: Постапката за уставните измени е транспарентна

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на Рената Дескоска од СДСМ истакнува дека уставните измени се во процедура во која се анализираат сите експертски ставови изнесени во јавната расправа и укажувањата на меѓународните институции и оти ќе биде постапено во согласност со највисоките интереси на граѓаните и државата.

– Постапките за измените на Уставот се водат целосно транспаретно, а во јавната расправа која се води се вклучени чинители од граѓанскиот сектор, надлежни институции и организации, експерти и универзитетски професори. Сите конструктивни сугестии помагаат во овој процес, се наведува во реакцијата.

Во однос на обвинувањата за воведување на т.н. меѓународна финансиска зона, ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека она што Владата има намера да направи е да создаде услови за формирање на силен финансиски центар, по примерот на Лондон и Луксембург, кој ќе работи врз основа на највисоките меѓународни стандарди од областа на финансиското право и ратификуваните меѓународните договори за борба против корупцијата, перењето на пари и финансирањето на тероризам.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски