ВМРО-ДПМНЕ: Последен доказ за дволичноста на СДС е одбивањето да се укине радиодифузната такса

Од:

„Граѓаните најмногу губат од лицемерието на СДС. Затоа таквата политика мора да запре и мора да се почитува дадениот збор и ветување.

Последен доказ за дволичноста на СДС е одбивањето да се укине радиодифузната такса.

СДС во март месец говореше дека ако имало влада, граѓаните немало да плаќаат радиодифузна такса. Тоа го зборуваат и Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска. Денес сме јули месец, а СДС бега како ѓавол од темјан од своето ветување со кое ги манипулираа граѓаните од декември па се до сега.

Радмила Шекеринска кажа на 30-ти март: „Ако денес имавме нова Влада, граѓаните веќе ќе беа ослободени од плаќање радиодифузна такса“. Еве СДС има влада, Радмила Шекеринска е во владата речиси 40 дена, ама немаат абер да ја укинат радиодифузната такса, па дури и избегаа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ таа да биде укината.

Имено Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поставија токму овој проект како предлог измени на закон пред Собранието на Република Македонија и тоа во скратена постапка со цел барем едно ветување кое го даваше СДС пред изборите да го види светлото на денот. Резултатот од нашата иницијатива беше очекуван, СДС да почне да бега, да бара изговори и да не го исполни тоа за кое што бараа доверба од граѓаните.

Ова само ја разоткрива во целост намерата на СДС која ја имале пред изборите, да лажат, да ветуваат и да манипулираат само да се доберат до власт, а потоа да се грижат како да вдомуваат партиски војници по институции, како да прават зделки и најлошо од се да спроведуваат туѓи агенди на штета на македонските национални и државни интереси.

СДС не смее вака да се однесува и кон другите ветувања. Граѓаните очекуваат за три до шест месеци влез во ЕУ и НАТО. Очекуваат минимална плата од 16 илјади денари и просечната плата 500 евра. Докторите очекуваат плата од 100.000 денари, а сите сакаме да ги видиме новите 500 километри автопат“, изјави Жаклина Пешевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ