ВМРО-ДПМНЕ: Порано или подоцна Заев ќе се соочи со судот на народот

Од:

„СДС мора да се соочи со граѓаните и да види што мисли народот за нивната деструктивна политика.

Доколку постои барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопствениот народ, СДС ќе се согласи во октомври заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на ист трошок.

Криминалецот Заев така ќе слушне од прва рака што мисли народот за неговата антидржавна политика.

Народот не сака туѓи платформи и виткање на сопствената кичма за туѓи цели и интереси.

Народот се чувствува постизборно измамен со Тиранската Платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори.

Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев и не сака криминалец да ја води државата. Скоро двојно поголема е поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС.

Порано или подоцна Заев ќе се соочи со судот на народот.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува СДС да не помисли да бега од локалните избори како што претходно два пати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори.

Одложувањето на локалните избори ќе значи продлабочување на политичката и правна криза во која СДС ја втурна државата уште пред две и пол години.

Одлложувањето на локалните избори внесува општ хаос во општество, нанесува несогледливи штети врз економијата и секојдневното функционирање на граѓаните на локално ниво.

СДС мора да го слушне гласот на граѓаните.

Локални избори во најбрз можен рок.

Парламентарнни избори заедно со локалните.

За доброто на граѓаните. За доброто на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ