ВМРО-ДПМНЕ: Поради негрижата на министерот за приватно здравство секојдневно се нижат трагедии

Од:

„Повторно се докажа дека Министерот за приватно здравство Венко Филипче не води грижа за здравјето на граѓаните, а таа негрижа се плаќа со човечки животи.

На Владата предводена од аболицираниот Зоран Заев е неспособна и требаше година ипол да ги изготви измените на позитивната листа на лекови, а во меѓувреме пациентите ги губат битките со болестите.

Поради негрижата на министерот за приватно здравство секојдневно се нижат трагедии.

СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.

Одговорноста за ова мора да ја сноси министерот. Наместо да се затскрива помеѓу соопштенија треба да излезе, да им се извини на граѓаните и да си даде оставка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики