ВМРО-ДПМНЕ: Поради катастрофалните политики на СДСМ, Македонија падна седум места на листата на „Дуинг Бизнис“

Од:

Неспособната Влада на СДСМ не успеа да го реализира ветениот грант за млади лица од 10.000 евра, а ги укина мерките за кредитирање на физички и правни лица и вработувањата за деца без родители и родителска грижа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија осиромашува и се празни.

Граѓаните живеат во беда и сиромаштија, а сведоци сме на масовното иселување на млади луѓе кои поради негрижата од страна на СДСМ се принудени да ја напуштат земјата.

Граѓаните добро знаат дека економските политики на СДСМ се катастрофални. Граѓаните знаат дека СДСМ единствено врши партизација на институциите.

Поради катастрофалните политики на СДСМ, Македонија падна седум места на листата на „Дуинг Бизнис“. Тоа е доказ за корумпираноста и неработењето на оваа Влада на чело со Зоран Заев.

СДСМ и Заев мора да си заминат, многу брзо доаѓа обнова на Македонија и вистинска грижа за граѓаните.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ