ВМРО-ДПМНЕ: Поништеното решение за разрешување на Дамева е последен во низата скандали во судството

Од:

Целосен хаос во судството во Македонија. Еден ден се разрешува, друг ден се поништува таа одлука на разрешување. Последниот пример кој Управниот суд го донесе решението за поништување на одлуката за разрешување на Весна Дамева од позицијата претседател на Судскиот совет е само уште ден доказ за катастрфата која се случува во судството реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Судскиот совет, тело кое треба да одлучува и суди за работата на судиите во Македонија, прерасна во циркус во кои главни улоги ги толкуваат нарачателите и стопаните од ДУИ и СДС. Да имаат грам достоинство членовите на судскиот совет уште вчера ќе си поднесеа оставка. Впрочем работата на правосудните органи, вклучително и Советот беа критикувани и во најлошиот извештај од ЕК. Токму затоа, поради овој хаос во судството и обвинителството народот има 1% доверба во судството. Седум години на ДУИ и СДС без реформи во судскиот и обвинителскиот систем. За ова јавно критикуваа и од меѓународниот фактор. Единствените реформи на власта на ДУИ и СДС во судството се заканите и уцените кон судиите, разрешувања и прераспределби на неподобни судии и нивна казна, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?