ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото насилство кое што го направи СДСМ на 27. април, резултираше со физичко насилство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ во врска со настаните во Собранието од 27. април.

„СДС се најодговорни за газењето на Уставот и демократијата на 27-ми април. СДС тогаш спроведе политичко насилство поништувајќи ги Уставот, законите и деловникот на Собранието. Тоа беше директно газење на државата и нејзиниот правен поредок.

Политичкото насилство кое го стори СДС на 27-ми април резултираше и со физичко насилство.

Во врска со информациите дека на 27-ми април некоја македонска институција му дала согласност на српскиот дипломатски претставник да влезе во парламентот на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, веќе соопшти дека ниту МНР, ниту владата, ниту парламентот, ниту МВР или Агенцијата за разузнавање не добиле такво барање, ниту издале таква согласност и одобрение.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ја повикува новата влада да провери дали такво нешто имало, и доколку имало да го објави документот со кој некоја институција издала такво одобрение. Доколку не се прикаже таков документ во наредните ден два, ќе констатираме дека дефинитивно такво нешто не е издадено и дека СДС по којзнае кој пат лаже“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците