ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот суд на СДСМ ги реализира нарачките на криминалниот картел

Од:

„Политичкиот суд на СДСМ ги реализира нарачките на криминалниот картел, само за да направи дефокус на јавноста од грабежот кој во моментов се одвива во Република Македонија.

Тоталното осиромашување на граѓаните е проблемот кој Заев го турка под тепих со монтираните судски случаи. Повисоки пензии нема, но затоа има пренос во живо од нарачани политички пресуди. Нови инвестиции и капитални проекти нема, но затоа послушните судии се расфрлаат со политички казни нарачани од криминалниот картел.

Судството работи по двојни аршини, луѓе како Заев, кои флагрантно се фатени во криминал се ослободуваат, а луѓе кои чесно работеле ниту за себе обезбедиле против-правна имотна корист се осудуваат со драконски казни.

Правосудството во Република Македонија го живее својот најсрамен период. Република Македонија е единствена држава во Европа со политички затвореници. Вакви процеси на политички прогон има само Северна Кореја, а можеби ни таму.

Државата е киднапирана од картелот на власт, а судството е под заробеништво лично на Зоран Заев. Република Македонија со вакво судство не може да се придвижи ни чекор кон ЕУ и НАТО.

Десетици членови на ВМРО-ДПМНЕ се предмет на шиканирање и на монтиран прогон, само затоа што се политички неистомисленици на Зоран Заев, тие се притвораат и затвораат. Постапките против нив се надвор од секое правично и правно правило.

Државата економски тоне. Република Македонија се соочува со стагнација, која е почеток на економски егзодус, како во транзицијата. Раст на економијата нема, платите паѓаат, граѓаните се во безнадежност.

Оваа ненародна власт, мора да си оди. Политичката злоупотреба на институциите мора да запре. Економијата не смее дополнително да паѓа. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Токму затоа сите заедно да излеземе и на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија, да и кажеме не на оваа недемократска власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање