А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Погубната политика на СДС и Заев ќе биде казнета од граѓаните на претстојните локални избори

by А1он13/09/2017 - 09:23103
Share0

„Владата на СДС за овие 100 дена владеење ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра.

Добивај вести на вибер

Од друга страна владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше 9.6 милиони евра за изградба на регионалниот пат Коломот – Близанско.

Со овие пари, неодговорната влада на Заев, можеше да изгради вакви 36 регионални патишта низ Македонија.

СДС не изгради ниту еден.

Неспособната владата на Зоран Заев расипнички се однесува со парите на граѓаните. Прекумерно и во континуитет се задолжува без да каже на што ги троши парите кои ќе треба да ги враќаат идните генерации.

Граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 350 милиони евра, владата на СДС, ги потроши на луксузирање на нивните партиски војници.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Ваквата погубна политика на СДС и Заев ќе биде казнета од граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен