ВМРО-ДПМНЕ: Поднесовме предлог закон за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%

Од:

„Дозволете ми најпрвин да Ви го честитам големиот празник 2-ри Август – Илинден. Нека е вечна славата на борците за слобода и државност! Нека е вечна нашата татковина Македонија!

Водени од реалните потреби на вработените во јавниот сектор, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието поднесоа предлог закон за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%.

Овој закон предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за 5% во 2018-та година и дополнително зголемување од 5% во 2020-та година.

Со овој предлог закон се предвидува зголемување на платите на вработени во државната и јавната администрација, значи здравство, образование, полиција, војска и јавни претпријатија. Истиот закон претставува изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ и претставува реална потреба за вработените.

ВМРО-ДПМНЕ изразува задоволство што овој закон помина на Собраниската Комисија за труд и социјална политика каде што доби поддршка и од пратеници кои не се дел од нашата коалиција, и тоа е еден позитивен момент кој не охрабрува дополнително дека овој закон може и секако би требало да биде усвоен од страна на парламентот, што би довело до крајната цел до зголемување на платите во јавниот сектор.

Предлог законот наскоро ќе се најде и на Собраниска седница и ВМРО-ДПМНЕ искрено се надева дека СДС ќе се надмине себе си и партиските интереси и ќе даде поддршка за истиот.

Овој закон за зголемување на платите е реален и остварлив. Буџетот е во добра состојба, проекциите за идната година исто така говорат дека може да се обезбеди квантумот на средства за зголемување на платите, и тоа би довело до поголем број на позитивни ефекти, односно ќе се зголеми стандардот на семејствата, ќе се зголеми можноста за јавна потрошувачка што би имало позитивни влијанија и врз другите сектори.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш изразува искрена надеж дека овој закон ќе наиде на поддршка од сите политички партии во Собранието, бидејќи секако е за добро за сите вработени во јавниот сектор и ќе значи и мотивација за реално зголемување и на платите во приватниот сектор“, изјави Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски