ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик поради објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата.

Пријавата до ДКСК ја поднесе Ружица Николовска, член на Правната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, која во изјава за медиумите истакна дека нејзината партија ќе ги следи, како што рече, овие прекршувања и за нив ќе ги извести меѓународните организации кои ги следат изборите – ОБСЕ/ОДИХР.

-Имено, согласно членот 8а од изборниот законик, како и согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси предвидено е дека од денот на донесување на одлука за распишување на претседателски и парламентарни избори, не може да се спроведуваат постапки за нови вработувања, ниту да се даваат откази на вработени во јавните и државните институции, а доколку има отпочнато такви постапки се ставаат во мирување. Сите сме сведоци изминатиов период дека од страна на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата, при што непосредно сега пред некој во месец март е донесена временска динамика од страна на Академијата за спроведување приемниот испит. Зошто е ова важно? Заради тоа што приемот на слушателите на Академијата за судии и јавни обвинители подразбира дека стекнувањето на статус слушател значи вработување, односно засновање на работен однос со Академијата со сите права и овластувања како што следуваат од еден работен однос, рече Николовска.

Николовска смета дека тоа ќе влијае на изборниот процес и како што потенцира, „наместо Академијата да произведува кадри кои утре ќе ги почитуваат правата и законите, за жал излегува дека Академијата е главниот прекршител на правото во овој момент“.

Таа смета дека оваа пријава е прв сериозен тест за интегритетот на новиот состав на ДКСК.

Николовска бара да се разгледа пријавата, да се отвори случај и согласно своите законски ингеренции ДКСК да ги преземе сите потребни законски мерки за спречување на ваквите прекршувања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски