ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за избори и именувања поради уставните судии

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе барање за Интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска од СДСМ, затоа што неделовнички и неуставно на сеуште не завршена точка на дневен ред и незавршена комисија, таа поднесува парцијален извештај до деспотот во Собранието, Талат Џафери за уставни судии информираше Антонијо Молошоски.

– Тие што им одговараат уставни судии, ги поднесуваат на гласање без да биде воопшто завршен процесот на дискусија на самата седница каде што именуваната Марија Георгиевска не ја закажуваше цели десет месеци до пред некое време. Тоа е спротивно на членот 128 од Деловникот каде што е точно наведено дека работното тело заседава и откако ќе заврши седницата подготвува извештај и записник за тоа што се одлучило на самото работно тело, а оваа седница на Комисијата за избори и именувања не е завршена. Вториот прекршок е членот 129 од Деловникот каде што пишува дека за известител во однос на било кои седници од работните тела најчесто е претседателот на тоа работно тело пред пленумот, а ние видовме вчера дека претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска немаше дури ни храброст да се јави пред Собранието, пред пратениците да објасни зошто поднела парцијален извештај, зошто ја прекинува комисијата и пишува извештај без да биде истата завршена и барем да беше присутна и да земе збор и да каже зошто смета дека овие селективно одбрани кандидати за уставни судии заслужуваат да бидат членови на Уставниот суд.

ВМРО-ДПМНЕ вели Милошоски очекува интерпелација да биде во најкус можен рок ставена на пленарна седница.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?