ВМРО-ДПМНЕ: Победа на Сиљановска значи почеток на крајот СДСМ

Од:

„Гордана Сиљановска Давкова победи во 47 општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, во која има над триесетина партии.

Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните гласаа за право и правдина.

Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев. Пендаровски не нуди ништо ново за државата, напротив нуди стагнација.

Граѓаните на овие избори покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Со Пендаровски Македонија само ќе тоне, исто како што тоне во изминативе две години.

Ги повикуваме граѓаните во вториот круг да му го зададат финалниот удар на СДСМ и да излезат со голема поддршка за Силјановска.

Победа на Сиљановска значи почеток на крајот СДСМ. За право и правдина, за подобра иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“