ВМРО-ДПМНЕ: По сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?

Од:

„Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев. Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите.

Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет.

Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска.

Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ