ВМРО-ДПМНЕ: По обичај Алаѓозовски ја покажува својата елементарна некомпетентност за работите кои се обидува да ги коментира

Од:

„СДС е уценета партија. СДС мора да враќа кредити кон сите нарко-криминални групи и кон сите поединци кои не и мислат добро на Македонија, кои го негираат македонскиот идентитет и сакаат да ја редефинираат државата врз основа на Тиранската Платформа.

Сервилниот СДС сега срамно се труди да го сврти вниманието од својата деструктивна и антидржавна политика со апсурдни прес конференции на Алаѓозовски и нему сличните кои се ставаат во одбрана на криминалите на Заев и криминалната врхушка на СДС.

Лагите на криминалецот Заев веќе не минуваат, а граѓаните секојдневно во се поголем број се на улиците низ градовите на Македонија.

Денешниот прес на СДС претставува политички памфлет, во кој, како по обичај Алаѓозовски ја покажува својата елементарна некомпетентност за работите кои се обидува да ги коментира.

СДС и Алаѓозовски немаат кредибилитет да говорат за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Република Македонија од проста причина што во време на нивното практицирање на власта не реализираа ниту еден единствен проект од оваа област.

СДС не реализираше ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет од пребогатото културно наследство на Република Македонија, а истите беа оставени без никаква заштита со што стануваа лесна цел за дивите копачи.

Во врска со наводниот ризик за Охрид и некаква опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, Алаѓозовски и СДС повторно ги манипулираат граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на мисијатата на УНЕСКО дадени непосредно по нивната официјална посета на земјава во кои експлицитно се вели дека никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО.

Граѓаните во изминатиов период видоа што значат инвестиции и грижа за државните и национални интереси. Сега се потсетуваат што значи деструкција и антидржавничко делување на СДС.

Граѓаните се против антидржавната политика на СДС и со право се револтирани од постизборната измама која им ја приреди СДС и тоа се повеќе и повеќе јасно го покажуваат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Роберт Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања