ВМРО-ДПМНЕ: По два месеци притвор, Боки 13 уште не е повикан на распит

Од:

„Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”