ВМРО-ДПМНЕ: По чија волја се поставува споменик на туѓа држава во Струга

Од:

Надвор од правна рамка без минимум техничка документација и со гласање по Бадентер, мнозинството во струшкиот совет на 15-тата седница донесе одлука за поставување на спомен обележје на Република Косово на кејот на реката Црн Дрим. Без гласот на советниците од СДС воопшто немаше да може да се отпочне таа постапка велат од ВМРО-ДПМНЕ-Струга.

– Советниците на СДС се причината поради која на кејот на Црн Дрим ќе се гради споменик на друга држава, во време кога спомениците на нашите херои се сквернават и се уништуваат. Доколку сакале да искажат благодарност на Косово, тоа можеле да го направат со подигнување на споменик во Косово. Намерно и свесно некој игра на картата на меѓуетнички тензии. Секогаш кога власта ќе процени дека тоа и одговора се потпалуваат меѓуетнички тензии. Лицемерието на СДС нема граници, тие се против споменици на македонски дејци и херои, но немаат ништо против споменици на други држави. Како ќе го објаснат Ковачевски и СДС поставувањето на споменици на туѓи држави во Македонија, кога самите се против спомениците на сопствените херои? По чија волја се поставува споменикот на Република Косово во Струга и дали СДС исполнува туѓа агенда за ден повеќе власт? За разлика од СДС, советниците од ВМРО-ДПМНЕ го слушаат гласот на стружани се вели во реакцијата од струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата