ВМРО-ДПМНЕ: По 12-ти април, Македонија ја очекува инфраструктурен бум

Од:

„По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле. Инфраструктурната поврзаност ќе биде на прв план.

Во наредниот период по изборите ќе бидат инвестирани 2 милијарди евра во инфраструктура.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на час и половина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање на 1000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран.

Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово – бугарска граница, Штип – Радовиш, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Струмица – бугарска граница.

Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница.

Дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации.

300 милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а катастерот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција.

Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му