Лазаревски: Планираме капитални проекти во Злокуќани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција презентираше дел од програмата на кандидатката за градоначалник на Карпош посветена на решавањето на проблемите на граѓаните во населбата Злокуќани.

Носителот на советничката листа од оваа партија Сашо Лазаревски информираше дека во програмата на Куновска, која содржи 117 проекти, има десетина наменети за оваа населба.

Меѓу нив се реконструкција на ракометно игралиште, отворање на индустриска зона Лепенец, изградба на локален зелен пазар, покривање на отворениот канал за наводнување, субвенционирање проекти за дупчење за надоднување на земјоделски површини и дворови, како и уредување на кејот на Вардар.

– Како што можете да видите нашите проекти не се само самостојни, туку се во соработка со Градот Скопје и Владата на Република Македонија. Таа соработка ќе ја подобриме и продолжиме. Разликата помеѓу Стевче Јакимовски и Андреј Петров и нас е тоа што за нас делата зборуваат. Истото ќе биде и со Карпош, бидејќи и Карпош заслужува да има издржани проекти. Ветуваме дека ќе го подобриме живеењето во секое населено место, без никаква дискриминација дали на одредена локација живеат наши членови или не, рече Лазаревски.

Во врска со најавата на кандидатот за градоначалник од Српската напредна странка, Стевчо Јакимовски за реализација на неколку проекти во населбата Злокуќани, Лазаревски праша зошто Јакимовски за време на неговиот четиригодишен мандат како досегашен градоначалник не ги реализирал овие проекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?