ВМРО-ДПМНЕ: Пиoнот Ковачевски го компромитира УКИМ

Од:

„Пионот Ковачевски го компромитира УКИМ, челници на факултети спротивно на закон поставени на раководни позиции во СДСМ. Пионот Ковачевски, по стапките на Заев од прв ден почна да крши закони. Ковачевски го погази Законот за високо образование со назначувањето на Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн за член на ИО на СДСМ, но и со назначувањето во истото тело на Ана Данева Маркова, која е продекан на медицинскиот факултет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ралев и Маркова Данева според закон не смеат да имаат функција во политичка партија, бидејќи функцијата декан и продекан не се споиви со партиска функција, тие се челници на факултети и треба да бидат гарант за независноста и автономноста на факултетот.

Ако намерата на Ковачевски, Ралев и Маркова Данева била искрена тие ќе си поднеле оставки од функциите на факултетите пред да бидат назначени во СДСМ, бидејќи и Ралев и Маркова Данева знаеле и морале да знаат дека тоа што го прават е незаконски. Самиот факт што не го направиле тоа говори дека тие ги злоупотребуваат позициите на факултетите во политички цели.

Ралев и Маркова Данева да си дадат оставки на позициите веднаш и да не ги злоупотребуваат раководните позиции во своите матични факултети во политички цели.

Тоа е политиката на Ковачевски. Злоупотреби и кршење на закони уште од прв ден“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ