ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка

Од:

„Пиксел груп основана од Ковачевски добивала државна помош додека тој е заменик министер, ДКСК да отвори постапка. Самиот Ковачевски призна дека од него формирана фирма добивала државна помош, додека тој е на функција. Само ДКСК уште глуми дека не слуша и не гледа и ништо“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 300.000 евра се исплатени кон Пиксел груп додека Ковачевски е заменик министер и мандатар за состав на нова влада.

Истата оваа Пиксел груп, е фирма која гради фабрика за само една година од основањето, а откако Ковачевски кој ја основал станува премиер, таа почнува инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово.

Пиксел групне фирмата која произведува фотоволтаични панели, дел од соларниот картел, а КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски се јавува на тендери за поставување на истите.

Фирмите од аферата Броило откако е СДС на власт од државата добиле 2 милиони евра тендери и склучиле договор со ЕВН од над 2 милиони евра.

Ковачевски е во центарот на аферата Броило. Одговорност мора да има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски