ВМРО-ДПМНЕ: Петровска да престане да лаже и манипулира, луксузната дивоградба со базен веднаш да ја подари на здруженијата на бранители

Од:

„Целосен молк од страна на Славјанка Петровска, откако директорот на Катастар ги разоткри нејзините лаги за луксузната вила. Иако Петровска тврдеше дека парцелата на која е изградена луксузна дивоградба со базен ја продала пред 10 години, сепак директорот Тунџев откри дека оваа парцела била продадена пред 2 години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но сепак на лагата и се кратки нозете. Па така на оваа парцела која била во сопственост на Петровска, според снимките на Google, бесправно започнало да се гради објект уште во 2009-та година.

Па така во 2012-та година до луксузната дивоградба, Петровска гради базен, a во 2016-та година доградува и уште еден помошен објект, кој исто така е дивоградба.

Не успеаја лагите и манипулациите на Петровска и Тунџев, постои луксузната дивоградба изградена во периодот од 2009-та до 2016-тата година на земјиште кое до 202та година било во сопственост на Петровска.

Иако Славјанка Петровска се обиде да ја излаже јавноста и да манипулира дека оваа луксузна дивоградба со базен, не е нејзина, фактите говорат дека токму Петровска на последните локални избори во 2021 година гласала на избирачко место бр. 2948/1 токму во Радишани, место каде што се наоѓа и оваа хациенда.

Славјанка Петровска треба да одговара кривично, бидејќи бесправното градење е кривично дело. Исто така Антикорупциска комисија треба веднаш да отвори случај заради прекривање на имот, бидејќи истото го нема во анкетниот лист на Петровска.

Одговорност мора да има, а Петровска треба веднаш да ја подари луксузната вила на здруженијата на бранителите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања