ВМРО-ДПМНЕ: Петрески преку паркинзите ќе ја финансира кампањата на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го обвини градоначалникот Александар Петрески дека тој со „неговите криминални потези бил главаната причина за развојниот пад на градот“.

Според нив Охрид бил навлезен во сива криминална зона. Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија Петрески дека за криминални цели Охрид останал без слободни места за паркирање и оти парите од доделувањето под концесија на приватна фирма речиси на сите паркинзи во градот ќе биле наменети за финансирање на кампањата за следните избори на СДСМ. Цените на паркинзите во Охрид од пред два дена се зголемени за речиси 50 проценти и од 30 денари за еден час, сега се наплаќа 50 денари.

„Криминалниот потег на доделување на паркинзите на управување на приватни лица придонесе и паркинг местата кои беа слободни за паркирање на возилата на граѓаните кои живеат во зградите да им бидат буквално насилно одземени и да им биде одредена некаква цена од 50 денари за час. Истата таа цена од 50 денари за час паркирано возило ги терети и туристите во Охрид. Ако на тоа се додаде дека некаде постои и цена од 100 денари за самиот влез во паркингот тогаш е сосема јасно дека Петрески му нанесе уште еден удар на охридскиот туризам и тоа од најдолен и најкриминален вид.

– Најлошиот момент во сето тоа е што средствата наместо да одат во и онака испразнетата градска каса одат во приватни џебови, а постојат и индиции дека со дел од нив се сака да се финансира кампањата за локални избори на СДСМ.

– Ова е последниот обид на Александар Петрески да добие милост од СДСМ за да биде под трет пат кандидат за градоначалник на Охрид и како и секогаш овие негови манипулации се на штета на граѓаните и на угледот на Охрид Охрид добива уште еден удар од сопствената локална самоуправа и од градоначалникот и тоа во срцето на туристичката сезона. Одтука се поставува јасно реторичко прашање со јасен одговор – Кој тоа навистина го блокира Охрид ? Никој, освен Петрески“ рече Игор Митровиќ, портпарол на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски