ВМРО-ДПМНЕ: Пет години СДСМ не можат да го довршат Клиничкиот во Штип, а проектот за Клинички во Скопје го прекинаа за да крадат

Од:

„5 години стои Клиничкиот центар во Штип не допрен. Целосно изграден со завршени градежни работи, на него скоро и да не се направи ништо изминативе години, а можеше да биде готов уште пред 3 години. Оваа влада имаше готов проект за Клиничкиот центар Мајка Тереза, со обезбедени средства, кој ќе чинеше 120 милиони евра, но го прекинаа проектот за да можат да крадат, па смислија дека ќе градат нов за половина милијарда евра. 4 пати поскапо. Без основа и без потреба“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конфренцијата на Ненад Коциќ од СДСМ.

„Човек почина во кратовско затоа што немаше болничко возило да биде испратено по него, па беше носен од лекар на раце во снег. Жена почима во Штип затоа што немаше кој да ја приклучи на кислород.

14 луѓе живи изгореа затоа што наместо во објекти како што треба, пациенти се ставаа во картонски кутии.

Секој ден слушаже сведоштва за крахот на здравството. А СДСМ се што правеше е бркање провизии, кои Заев и Филипче сакаа да ги наплатат од вакцините, и затоа последни добивме вакцини.

Срамота е СДСМ да зборува за здравство. Подобро ќе биде да молчат, а ќе зборуваат наскоро за криминалите кои ги направија таму, за што треба добро на народот да му објаснат зошто трчаа по провизии, наместо да се грижат за нивното здравје“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конфренцијата на Ненад Коциќ од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски