ВМРО-ДПМНЕ: Пензиите нема да се намалат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

„Не се точни тврдењата на Јовановски дека ќе се намалат пензиите на граѓаните. Напротив. Прво, одлуката да се вложува во државните хартии од вредност дополнително обезбедува сигурност на пензиските фондови и пензиите на граѓаните. Второ, еврообврзницата се издава за да донесе странски капитал однадвор, за да се подобри ликвидноста, односно да се доведат свежи средства во домашната економија, а не да се користат средставата од дома. Значи и тука поентите на Зоран Јовановски се без основа“ – се вели во писменото соопштение од владејачката партија.

Оттаму велат дека СДСМ издал евро обврзници во висина од 150 милиони евра, а во тоа време не се покачувале пензиите, ниту пак навремено се исплаќале.

„Изгледа им пречи покачувањето на пензиите од страна на ВМРО ДПМНЕ со кое не се дозволува намалување стандардот на граѓаните и затоа СДСМ постојано одат со вакви прес конференции. Ако веќе зборуваме за недомаќинско работење, треба да ги споменеме повеќе од половина милијарда евра, кои како долг ги оставија владите на СДСМ во периодот од 2002 до 2006 година, а кои во наредниве 4 години ние како граѓани ќе треба да ги отплаќаме. Зошто тогаш СДСМ се позајмувала, доколку јавно пропагираше дека буџетот е во суфицит, доколку не реализираше ниеден капитален проект, ниту пак изгради нови училишта и болници, ниту набави нови медицински апарати, ниту пак ги покачи платите, пензиите и социјалната помош. Тоа е минатиот труд кој зад себе го остави СДСМ, непотребни долгови кои не дадоа никаков резултат, а ќе бидат товар во идните 4 години“ – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче