ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски знае дека Македонија со Заев на чело не може да се помести од мртва точка

Од:

„Држава во која претседателот отворено кажува дека доколку не е на функцијата претседател би се отселил од државата е во голема стагнација. Македонија со Зоран Заев е во погрешен правец, а најголем доказ за тоа е искрената изјава на Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски е првиот човек на државата и тој како претседател ги има сите информации, политички, правни, економски и безбедносни. Пендаровски знае дека Македонија со Заев на чело не може да се помести од мртва точка“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалот, корупцијата и рекетот се тие кои ги демотивираат младите и ги тераа да се отселат.

Ниските плати, лошата економска ситуација и непотизмот е главната причина зошто младите бегаат.

Зоран Заев три години не направи ништо да ги задржи младите, а ветуваше дека ќе ги врати иселените.

Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните на криминал, корупција и рекет. Зоран Заев потроши 3 години од животот на граѓаните за богатење на неговата фамилија и фирмите блиски до фамилијата.

И Стево Пендаровски знае дека вака веќе не може. За тоа потребни се промени. По 12 април следува обнова на Македонија и нова надеж за младите, со конкретни мерки и конкретни проекти“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира