ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски никогаш нема да ја добие доверба од граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на Стево Пендаровски вели дека тој се обиде да дојде на власт, но граѓаните му кажаа дека оној кој ги нарекува „стока“ никогаш нема да ја добие нивната доверба.

– Одговорна власт е онаа која за 10 години отвора 150.000 нови работни места како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да брка 200.000 работници на улица како што направи СДСМ. Одговорна власт е онаа која во државата носи повеќе од 50 директни странски инвестиции како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има нула реализации како што имаше СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека одговорна власт е таа која вложува милијарди во инфраструктура, медицинска опрема, субвенции, гради школи, болници, студентски домови, игралишта и спортски сали како Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорна власт е таа која подига плати, пензии и помош како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не власт која, како што е наведено во реакцијата, немаше воведено ниту минимална плата, кратеше пензии и ги исплаќаше на рати, а зборот покачување не постоеше во нејзиниот речник.

– Затоа на 5-ти јуни СДСМ десетти пат по ред ќе се увери дека за него место во власта на Република Македонија нема. Граѓаните тоа нема да го дозволат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски