ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски манипулира со јавноста

Од:

Стево Пендаровски манипулира со јавноста, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на кандидатот за претседател на државата , Стево Пендарвоски.

„Тврдењето дека е следен сега се обидува да го релативизира до мера на баналност и со тоа покажува само дека се плаши од изборен пораз па е принуден да се бламира, со тези кои би ги користел како алиби. Оливер Спасовски и МВР мора веднаш да одговорат која странска, тајна служба го следела Пендаровски.

Доколку нема доказ за тоа јавно да кажат дека Пендаровски лаже и ја заплашува јавноста за своја лична политичка корист. Институциите не смеат да бидат само уште една сламка за спас на власта која тоне.

Граѓаните не му веруваат на Пендаровски. Тој е втор Заев, измислува, заборава, лаже. Пендаровски е само уште еден политичар кој нема намера да ги почитува Уставот и законите.

Република Македонија нема потреба од нов Заев. Државата има потреба од честит претседател, кој ќе работи согласно Устав и закон и ќе делува во согласност со државните и националните интереси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски