ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета

Од:

„Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев. Пендаровски како Заев молчи за искажаните лажни ветувања за продажбата на блиндираниот мерцедес. Неговата партија ветуваше нови возила за Брза помош кои ќе се набават од продажбата на мерцедесот, а сега во него ги возат сите високи гости во Македонија и земаат стари и користени од земјоделие.

Пендаровски исто како Заев Пендаровски молчи за невработеноста на младите, а во кампањата претходно ветуваа намалување на младинска невработеност и подобрување на младинскиот стандард. Наместо подобар стандард, донесоа беда и сиромаштија за младите лица.

Светска Банка потврди дека за 2018 година, имаме младинска невработеност од 47,6%, што е највисока на Балканот и тоа не прави полоши дури и од Косово, додека пак над 140.000 млади лица откако е СДСМ на власт живеат под прагот на сиромаштијата.

Пендаровски како Заев молчи и за фалсификатот на референдумот, и за непостапувањето на институциите кои ги игнорираат кривичните пријави и доказите за грубо полнење на кутии , поткуп и злоупотреба на над 50.000 гласови.

Пендаровски молчи како Заев и за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Грција и на тој начин практично дава поддршка на откажувањето македонското население во Грција и нивното право на самоопределување како Македонци.

Пендаровски како Заев молчи за сите криминални зделки во 4 очи, за местените тендери и грантови на власта како и за непотизмот кој што откако е СДСМ на власт како канцер метастазираше во нашето општество.

Политичкиот прогон во државата и монтираните судски процеси се режирани од Заев и од Пендаровски. Зацрнија цели семејства осудувајќи лица за дела кои што не ги извршиле, а единствен нивни грев е што се политички неистомисленици на Зоран Заев.

Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев, државата има потреба од претседател кој ќе работи согласно устав и закон. Република Македонија и граѓаните имаат потреба од претседател кој ќе работи согласно државните и национални интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците