ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите

Од:

„Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, тие работат за агентурни мрежи“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво е Пендаровски и Ковачевски да молчат, откако самиот Пендаровски по Советот за безбедност, дека странски агентури негативно влијаат на односите со Бугарија, ширејќи говор на омраза и негација за македонската нација, јазик и историја. Кои странски агентури работат на штета на Македонија и шират говор на омраза, Пендаровски да излезе и јасно да ги каже, спротивно ги девлавира институциите, и оддава впечаток дека зборува без аргументи или дека и самиот работи за странски агентури.

Пендаровски и Ковачевски не прават ништо за адекватно да реагираат на провокациите кон Македонија. Власта првин зборува едно, а потоа прави сосема друго, свесно наштетувајќи и на државата.

Власта крие и од каде се финансираат бугарските здруженија, кои креираат говор на омраза и ја негираат Македонија. Финансиските институции под владата требаше до сега да го истражат потеклото на парите, и да ги информираат граѓаните, но и да преземат адекватна реакција.

Власта не прави ништо за да ја гарантира стабилноста и угледот на државата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина