ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е само бледа копија на Заев – извршител на антидржавни политики

Од:

„Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, човек што манипулира, лаже и навредува. На Република Македонија не и е потребен нов Заев како претседател. Република Македонија има потреба од честит човек со интегритет.

Граѓаните не сакаат да имаат кандидат за претседател кој ги нарекува стока.

СДСМ го понижува народот, ако мисли дека граѓаните ќе гласаат за претседателски кандидат кој ги споредува со овци.

Граѓаните не се неуки како што тоа СДСМ и Пендаровски мислат.

Народот сака претседател кој ќе ги претставува нивните интереси и ќе работи согласно устав и закон. Стево Пендаровски е само бледа копија на Заев – извршител на антидржавни политики.

Со Пендаровски како претседател би продолжило кршењето на уставот и девалвирањето на правната држава. Владеењето на правото ќе биде само мисловен поим, а поделбата помеѓу граѓаните ќе биде уште поголема од сега.

Пендаровски е човек кој пропагира поделба, наспроти Гордана Силјановска Давкова која нуди сплотување и просперитет.

Република Македонија нема потреба од нов Заев. Граѓаните ќе го поразат Стево Пендаровски и ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова.

Време е за промени. Граѓаните бараат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците