ВМРО-ДПМНЕ: Партиски кадри на СДС и ДУИ се директно вмешани во бегството на Мемети

Од:

„СДС и ДУИ ја претворија Македонија во див запад. Затвореник им избега, пукаше и рани полициски службеник, а Ковачевски и Спасовски се скриени во глувчешка дупка. Со денови нема одговори од страна на СДС и ДУИ која е улогата на партиските полушници во бегството на Беким Мемети“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема одговор која е вмешаноста на Љупчо Кузмановски во целото филмско сценарио за бегство на затвореникот Мемети, кој треба да отслужи 20 годишна казна? Дали Кузмановски е советник за безбедност на КПУ Идризово и директорот Шпенд Тахири, и дали како советник е одговорен директно за безбедноста на затворот и спроведување на затвореници и со тоа е директно виновен за филмското бекство на Мемети?

Дали Миле Зечевиќ е директно инволвиран во поставувањето на Кузмановски на оваа раководна позиција во КПУ Идризово?

Власта на СДС и ДУИ со денови не одговорија дали и колку во бегството на Мемети има политичка одлука, со тоа што инволвирани и осомничени во овој случај се активни партиски кадри и членови и на СДС и ДУИ.

Овој случај е само уште еден доказ за целосното девастирање на безбедносниот систем со криминал и корупција.

Криминални престрелки по улиците низ државата, бегства на затвореници, тепање на граѓани од функционери на СДС и ДУИ, а реакција од безбедностите структури нема. Нема ниту политичка одговорност од страна на Спасовски, Ковачевски и целата влада. Криминалот царува во државата и криминалците владеат со Македонија и за тоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори и излез од овој ќорсокак во кој ја доведоа државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина