ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарното мнозинство да овозможи одржување локални избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ, како што стои во соопштението, наместо да се занимава со политиканство и опструкции, во најбрз можен рок заедно со парламентарното мнозинство да овозможи одржување на локални избори, кои се неопходни.

– СДС наместо да ја замајува јавноста, треба да овозможи непречено функционирање на единиците на локалната самоуправа до одржувањето на локалните избори, кои не смеат да трпат одложувања.
СДС треба да го надмине стравот и да покаже барем малку доблест и да се соочи со граѓаните на избори, стои во соопштението.

Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, се виновни затоа што СДС го пролонгира одржувањето на локалните избори.

– Стравот во редовите на СДС од соочување со граѓаните, кои ги разгневија со своите антидржавни политики е главниот виновник за кукавичкиот однос на СДС. Добивањето на мандат на никаков начин не е поврзано со правото на граѓаните да имаат функционална локална самоуправа. Дилемите на Заев и СДС какви обврски презеле од тиранската платформа и какви гаранции може да му понудат на претседателот Иванов не се на никаков начин поврзани ни со ВМРО-ДПМНЕ, ни со Груевски, посочуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски